Почитувани,
Здружение Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за доставување на понуди за експертиза за подготовка на водич за ромските граѓански организации за права поврзани со легализацијa и ранливи групи“ повикувајќи ги сите квалификувани субјекти, да поднесат понуди:
1.Општи услови
Набавувач на услуги: ЗГ „Национален Ромски Центар“ НРЦ од Куманово со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ бр. 11/5.
- Предмет на набавка: подготовка на водич за ромските граѓански организации за права поврзани со легализацијa и раниливи групи
Вид на договорот за набавка: услуги
Период на извршување: декември 2018 – јануари 2019
1.З.Национален Ромски Центар го спроведува проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“ со поддршка на Европската Унија и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање преку својата интернет адреса како и преку социјалните мрежи, до сите квалификувани субјекти во Република Македонија заради добивање на соодветни понуди за ангажман опишан подолу во барањето.
Главната цел на проектот е подобрување на условите за домување на Ромите во Република Македонија преку поддршка на ромските семејства во процесот на легализација на нивните домови.
Проектните активности се имплементираат во 5 општини во Македонија: Куманово, Кочани, Кичево, Штип и Прилеп.
1.4. Понудувач може да биде секое правно или физичко лице кое ги исполнува условите од ова Барање за доставување на понуди, во смисла на образование и претходно работно искуство.
1.5 Понудувачот е должен да достави:
- професионална биографија во која ќе бидат наведени најмалку 3 референци за исполнување на обврските од повикот
- мотивационо писмо
- предлог методологија за извршување на наведените обврски
- предлог цена (во МКД) за извршување на обврските од предмет договорот.
1.6 Потребни квалификации и искуство:
- Диплома од високо образование, општествени науки
- Најмалку 3-годишно работно искуство со граѓански организации
- Најмалку 3-годишно работно искуство во областа на домување, легализација, бесплатна правна помош, имотно-правни односи и други области во правото
- Искуство со лица кои се социјално исклучени ќе се смета за предност
1.7 Локација
- Р. Македонија
1.8. Опис на обврски:
- Подготовка на водич за ромски граѓански организации за правата поврзани со легализација во кој ќе обезбедат детални информации во врска со правната рамка и процедури за легализација, правна рамка за бесплатна правна помош и методи и вештини за работа со ранливи групи
- По потреба соработка и комуникација со мрежа на адвокати ангажирани во рамките на проектот
- По потреба комуникација и размена на информации со експерти во полето на домување
- Комуникација и соработка со проектниот тим за подготовка на водичот
- Подготовка на водич за ромски граѓански организации од 50 – 70 страни
1.9 Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- личното искуство на понудувачот
- квалитетот на предложената методолија
- цена за понудената услуга
1.10 Плаќање и рамка
Исплатата ќе се изврши по успешното спроведување на задачите и навремена достава на документите предвидени со договорот во рок од 10 дена.
Максимален број на денови предвидени за ангажирање е 15 дена во рок од 2 месеци.
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected], [email protected] најдоцна до 10.10.2018 година.
Куманово
26.09.2018