Здружение Национален ромски центар од Куманово  објавува „Барање за прибирање на понуди“ барање за медиуми повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

Општи услови

1.1. Набавувач на услуги  Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште  на  ул. Доне Божинов бр. 11/1, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање понуди за набавка на услуги од медиуми.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ (НРЦ) во партнерство со Здружение „СИМБИОЗИС 12“  Куманово и ОРМ „Бела Кула“ Кичево го  спроведува проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“ со поддршка од Делегација на Европска Унија и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на понуди од веб портал.

1.4. Набавката на ова Барање е неделива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски и интерес за квалитет  на барателот.

1.5. Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управа за јавни приходи без ДДВ до барателот, заради исплата од страна на средства од грант на Европска Унија.

Понуда

2.1. Понудувачот треба да достави понуда во која согласно потребите на набавувачот треба да содржи:

  • Понуда за објава на 2 кратки видеа (секое во времетраење од по 3-4 минути) за период од еден месец со понудена цена во денари без изразен ДДВ.
  • Услугите кои треба да се пружат треба да бидат во период од 01.03.2019 год. до 01.06.2019 год.

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Квалитет на понудените услуги (опфат на публика, термин на објавување, позиција на објава за веб портали, присутност и број на објави на социјални медиуми)
  • Цена
  • Долговремено и потврдено искуство во областа

Цената и квалитетот носат најмногу по 45 бодови, додека искуството во областа носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

Квалитетот на понудените стоки и услуги ќе се оценува на начин што ќе се анализираат дополнителните услуги кои ги нуди понудувачот.

Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост. Бодувањето на  понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најниската и највисоката понуда.

Облик и содржина на понудата:

4.1 Понудата се изработува во писмен облик.

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, телефонски број,   е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт.

4.3 Тековна состојба од добавувачот, не постара од една година.

4.4. Карактеристики на понудата.

4.5. Рок и начинот на испорака на  услугите.

4.6 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари без вклучен ДДВ.

4.7.Рок и начин на плаќање.

Набавувачот ќе го плати нето износот (без ДДВ) и ќе му ги достави на добавувачот и на надлежниот орган сите потребни документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет.

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните  адреси [email protected] и  [email protected]  или лично да ги доставите во архивата на НРЦ на адреса на ул. Доне Божинов  бр. 11/1 Куманово, во период од 08.02.2019  до  15.02.2019 година до 16 часот.

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*