Преку креативни дела и креативното видео учениците порачаа стоп за стереотипите и предрасудите

22 креативни творби беa изложени  на завршната манифестација од кампањата ДОСТА! „Надимини ги предрасудите, запознај ги Ромите“. Креативните творби беа изработени од страна на  учениците од основните и средните училишта од Куманово.

Завршната манифестација официјално беше отворена од Координаторот за еднакви можности и Kоординаторот на Kоординативното тело за заштита од дискриминација во Општина Куманово Г-дин Цоки Ристовски. Присутните беа поздравени и беа охрабрени  да продолжат на креативен начин да се соочуваат против понатамошни предизвици против стереотипите и предрасудите.  Г-дин Насер Весељи, Заменик Народен правобранител во подрачната канцеларија на Народниот правобранител на Р. Македонија во Куманово и Г-дин Петрус Теунис, национален тим лидер од ЦИВИКА МОБИЛИТАС исто така дадоа поддршка на иницијативата.

Потоа беше прочитан и поздравниот говор на Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Неговата Екселенција Г-дин Кристијан Тимоние, чии зборови на поддршка дадоа охрабрување за борбата против ваквиот општествен феномен.

Видео порака од Стразбуг, Франција упати Крисула Аркудис Национален Експерт за ромски прашања од ромскиот и патувачкиот тим која ги запозна присутните за работата на тимот  и Кампањата ДОСТА и им ја пренесе важноста на влијанието кон намалувањето на стереотипите и предрасудите.

Во текот на завршната манифестација свечено беа доделени сертификати за учество на над 140 учесници во Кампањата ДОСТА, со изразена благодарност кон нив за соработката и доприносот во реализација на активностите, и за изработката на креативното видео кое беше изработено во текот на имплементацијата на Кампањата.

Реализираните активности од Кампањата Доста и Одбележувањето на денот „Ромска Гордост“ се поддржани од Кампањата Доста програма на Советот на Европа и беа имплементирани во изминатите 5 месеци во партнерство и соработка со основните и средни училишта од Куманово. Беа спроведени следниве активности: Работилница за познавање на Стереотипите и предрасудите, Ликовен Хепенинг, Креативен Хепенинг за одбележување на денот „Ромска Гордост“  и Завршна манифестација за доделување на сертификати за учество и изложба на сликарски дела.

DSC_002 DSC_003 DSC_004 DSC_005 DSC_006 DSC_007 DSC_008 DSC_009 DSC_010 DSC_011 DSC_012 DSC_013 DSC_014 DSC_015 DSC_016 DSC_017 DSC_018 DSC_019 DSC_020 DSC_021 DSC_022 DSC_023 DSC_024 DSC_025

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*