Националниот ромски центар во партнерство со Паблик од Скопје организираше обука за подгрантисти во рамки од проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ подржана од Делегацијата на Европска унија во Македонија.
На 15 и 16 ноември во Охрид од страна на проектниот тим беше организирана обука за зајакнување на капацитетите на здруженија на граѓани добитници на подгрантовите од проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ за креирање на идеи, пишување на проекти, аплицирање, имплементација, видливост и известување. На обуката присуствува претставници на здруженија на граѓани кои имаат добиено под грант: Рожм„Даја“ и Театар „Чирикља“ од Куманово, „Романо Вило“ од Кочани, „Черења“ од Штип, „Рома Перспектив“ од Прилеп и „Бела Кула“ од Кичево.
Во дводневната обука покрај теоретскиот дел за зајакнување на капацитети за процесот за аплицирање за проекти, интерактивно беа презентирани проектите и извештаите со цел да се увидат предизвиците и со размената на информации да се надминат проблемите со кои здруженијата се соочувале за време на имплементација на под-грантовите. Исто така имаше презентација на имплементацијата активностите и резултатите од под-грантовите со цел да да се разменат различните идеи, резултати и начин на имплементација на подгрантовите кои ќе послужат во понаматошниоот тек од работата на здруженијата.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.