Креативен хепенинг со учениците од основните и средните училишта од Куманово кој имаше за цел учениците на креативен начин и сликовито да се искажат против предрасудите, стереотипите и дискриминацијата и со тоа да се одбележи денот „Ромска Гордост“
И оваа година по четврти пат на 2-ри Ноември, Националниот ромски центар го организираше Креативниот хепенинг кој е централна активност и дел од Кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги ромите“ и одбележување на денот „Ромска Гордост“, кои финансиски се поддржани од истоимената програма на Советот на Европа.
Сите ученици од 11 основни и средни училишта од Куманово со поддршка на своите професори ментори, со своите сликарски четки и широката палета на бои, решително застанаа пред доделените мајци, на кои ги отсликаа своите идеи, преточени во пораки и сликовити ситуации.
На почетокот од хепенингот можеше да се види како веќе дискуританите и оформени идеи почнуваат да се појавуваат на маиците, со вешто повлечените линии од рацете на талентираните ученици. Насекаде низ просторијата се чвствуваше креативниот занес и сите ученици зафатено ги исцртуваа почетните линии. Нешто подоцна на некои маси се забележуваа вешто исцртани пораки, а на други маси одредени ученици својот талент го искажаа преку слики со прикажани ситуации на кои доминираа фино искомбинираните бои, додека пак кај некои ученици дојдоа до израз талентот и префинетото чувство за исцртување на дадени форми преку кои го искажаа суптилното чувство на својата порака.
При крајот од работилницата, на овој начин секој од 140-те учесници гордо застана со своето дело пред камерите со јасна порака против стереотипите и предрасудите кон Ромите, но и порака за подобро општество за сите.
Од видео записот на овогодинешниот креативен хепенинг ќе се изработи креативно видео во кое покрај процесот на креирање на уметничките дела ќе бидат прикажани и пораките искажани од самите ученици против стереотипите и предрасудите. Ова видео заедно со изработените уметнички дела ќе бидат прикажани и изложени на денот на подигнување на свесноста и свеченото доделување на сертификати за учениците кои учествуваа во оваа креативна акција.