Ликовна работилница со учениците од основните и средните училишта од Куманово која имаше за цел мотивација и инспирација за креирање на креативни дела со кои тие ќе влијаат кон намалување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата.

Националниот ромски центар на 26 Октомври 2018 организираше Ликовна работилница која е дел од Кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги ромите“ и одбележување на денот „Ромска Гордост“. Активностите се поддржани од Кампањата Доста! програма на Советот на Европа.

Кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите“ со кампањската активност „Ромска Гордост“ се реализира во соработка со основните и средните училишта од Куманово. На ликовната работилницата учествуваа 22 ученици со нивните наставници од 11 училишта.

Ликовната работилница беше организирана со цел учениците сликовито преку широкиот спектар кој го нудат сликарските бои да се изразат на креативен начин за стереотипите, предрасудите, и дискриминацијата и како тие влијаат во општеството. На работилницата беа потенцирани значајни сегменти од  ромската историја, култура и традиција како инспирација и мотивација за изработка на креативни творби. Во текот на работилницата следуваа активности за развивање на идеи и скицирање на креативни творби. Овие креативни творби подоцна ќе бидат изработувани на часовите по ликовна уметност со дополнителни упатства за работа и надзор од страна на наставникот ментор.

На крајот од работилницата на секој ученик беше поделено сликарско платно и акрилни бои со кои подоцна ќе ја наслика креативната творба по развиените концептуални идеи на оваа работилница. Креативните творби кои ќе бидат изработени во крајната фаза од проектот бидат изложени на завршниот настан и свеченото доделување на сертификати за учество во Кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги ромите“ и одбележување на денот „Ромска Гордост“.

DSC_0159 DSC_0184 DSC_0005 DSC_0027 DSC_0045 DSC_0046 DSC_0057 DSC_0058 DSC_0059 DSC_0062 DSC_0105 DSC_0106 DSC_0135 DSC_0149 DSC_0154

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*