Креативно интерактивни работилници со учениците од основните и средните училишта од Куманово со цел да се препознаат стереотипите, предрасудите и дискриминацијата и влијанието кон нивното намалување и спречување
Националниот ромски центар на 19 октомври 2018 организираше работилница која е дел од Кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите“ и одбележување на денот „Ромска Гордост“. Активностите се поддржани од Кампањата Доста!, програма на Советот на Европа.
Кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги ромите“ и Кампањата „Ромска Гордост“ се реализира во соработка со основните и средните училишта од Куманово. На работилницата учествуваа 60 ученици и 13 наставници ментори.
На првиот блок работилници учениците беа поделени на две групи при што секоја од групите учествуваше паралелно на две различни работилници, и на тој начин секоја од групите учествуваше на следните работилници:
Во двете „Мултикултурни работилници“ во кои учениците имаа можност интерактивно и преку игри да се запознат со културните разлики, стереотипи, предрасуди и дискриминација, ги водеше Ирсан Јашаровски од Здружението „Симбиозис12“.
Другите две „Креативни работилници“ беа наменети за препознавање на стереотипи, предрасуди и дискриминација преку театар и глума каде учениците беа запознаени со тетарската уметност и имаа можност преку глума и форум театар визуелно да препознаат случаеви со стереотипи, предрасуди и дискриминација. Работилниците ги водеше Санела Емин дипломиран актер од Скопје.
Третата работилница беше посветена на запознавање со ромската заедница со цел учениците подбро да ги запознаат Ромите преку нивната историја, култура и традиција.
Во вториот блок, преку групна работа учениците заедно со своите nаставници работеа на дефинирање на пораки, цитати креативни творби и кои ќе бидат испишани или нацртани на маиците и идеи со кои секое училиште ќе се претстави на снимањето на креативното видео против стереотипи, предрасуди и дискриминација на Хепенингот за одбележување на денот на „Ромска Гордост“. На крајот од групната работилница учениците ги презентираа своите идеи.