Прва средба на мрежата за заштита од дискриминација
Во рамките на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца” на 25.04.2018, во Велес се одржа првата средба на мрежата за заштита од дискриминација со претставници од локални граѓански здруженија.
На средбата со учесниците се дискутираше за препознавање и идентификација на дискриминација во рамките на нивното работње, а воедно претставниците од граѓанските здруженија добитници на под-грант по кратка презентација на нивните проекти имаа можност да ги зајакнат своите знаења и вештини во делот на видливост, односно како активностите кои ги спроведуваат да бидат повеќе видливи на општата јавност.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.