Во рамките на акцијата „Унапредување на социјално вклучување на ромската заедница во 6 Општини во Република Македонија” од 28 февруари до 02 март 2018 година се спроведоа 2 обуки за комуникација, препознавање и спречување на дискриминација. Активностите од акцијата се подржани од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.
На обуките зедоа учество членови на регионалните центри, граѓански здруженија и локални ромски активисти од Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип, Кичево и Прилеп каде што се имплементираат активностите од акцијата
Учесниците имаа можност на обуката да ги збогатат своите комуникациски вештини, да препознаваат повеќе видови на дискриминација, да ги зајакнат своите способности во насока на препознавање и идентификување на дискриминација на терен, и со работа во групи да ги збогатат своите комуникациски вештини во примена на превенција на дискриминација.
Обуката ја одржаа двајца тренери Шемси Шаинов и Реџеп Али Чупи во соработка со проектниот тим.