Во рамките на акцијата „Унапредување на социјално вклучување на ромската заедница во 6 oпштини во Република Македонија” од 20 до 22 декември 2017 година се спроведоа 2 обуки за препознавање и спречување на дискриминација. Активностите од акцијата се подржани од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.
На обуките зедоа учество членови на регионалните центри, граѓански здруженија и локални ромски активисти од Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип, Кичево и Прилеп каде што се имплементираат активностите од акцијата
Учесниците имаа можност на обуката да се запознаат со видови и форми на дискриминација, права на детето и заштита од дискриминација, домашно и меѓународно законодавство, инструменти за заштита од дискриминација, препознавање и идентификување на дискриминација на терен.
Обуката ја одржаа двајца тренери Зоран Ристески и Реџеп Али Чупи во соработка со проектниот тим. На обуката учество зеде Заменик народен правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа која одржа презентација на од полето на својата работа.