На 30.05.2018 година се одржа редовна седница на годишно Собрание на НРЦ.

Претседавачот на Собранието, според агендата ја водеше седницата на Собранието.

На присутните им се обрати извршниот директор на Национален ромски центар, Ашмет Елезовски, кој во својот говор истакна дека денеска граѓанските здруженија се соочуваат со бариери во својата работа, но преку спроведување на своите активности придонесуваат за јакнење на граѓанското движење во РМ. Една од нив е и Здружението Национален ромски центар.

НРЦ ќе се фокусира на креирање на нова Стратегија за следниот тригодишен период поврзана со локална, национална и европска стратегија. Извршниот директор се надева дека постигнатите резултати ќе бидат добра основа за привлекување на поддршка од граѓани и донатори.

На седница на годишно собрание на НРЦ беше разгледан и усвоен годишен наративен и финансиски извештај за работата на Здружението Национален ромски центар за 2017 год. и усвоена завршна сметка за 2017 год.

Секој од менаџерите и координаторите на проектите кои се спроведени во 2017 год. изнесоа свои презентации, информирајќи ги присутните за активностите спроведени во рамки на проектите и период на реализација на проектите.

Членовите на Собранието имаа можност да дадат свои сугестии поврзани со актуелните и минати активности на здружението.

Беше прикажан и филмот, The Construction Site-Story about NRC кој е реализиран  од страна на  НРЦ, а кој може да го проследите на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=X8WlmYLYPpk

34200266_10209011228957917_1024498537892675584_n

34035352_10209011274999068_702552943345270784_n

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*