Викториа Мохачи
Кое е вашето име и моментална позиција?
Викториа Мохачи, Член на Европски Парламент
Која е вашата политичка припадност како член на Европски Парламент?
Алијанса на Либерални Демократи за Европа.
Опишете ги вашите претходни активности пред да станете МЕП (кратка биографија).
Arany Jаnos Гимназија, BerettyÃÃjfalu (1989-1993). Филозофски Факултет, Szeged Универзитет, Оддел за Комуникација, Будимпешта (1997-2002).
Boom Film репортер за серија документарни филмови (Холандски) (1996-1999). Источно-Европски Центар за Демократско Образование асимилиран со Универзитет од Сиракуза, образовен проект, експерт (1998-2000). BBC Светски Сервис Тренинг, Будимпешта (1998). Интернационална Делиберативна Демократска Работилница, Вашингтон (1999). Светска Банка: Истражувач, Ромски Програми во Унгарија (2000). Член, Одбор за Правна Заштита на Роми и Медиумски Аспекти, Сорос Фондација (1999-2000). Образовен Истражувачки Институт: Истражувач и советник, истражувачки проект за сегрегација на Роми во училишта (2000-2001). Уредник, BeszélÅ‘ телевизиска програма, Унгарски ATV.Презентер, ‘Amit szabad Jupiternek’ (Што е дозволено за Јупитер) магазин за човекови права.
Министерски Комисионер, Министерство за образование (2002-2004).
Кое е вашето мислење за сегашната ситуација на Ромите во Европа?
Ерата по 1989 во Европа сведочеше на појава на интезивно антиромско мислење во Источна Европа.
Систематско протерување на Роми се одвиваше во Албанија, Бугарија, Германија, Унгарија, Полска, Романија, Русија, Словачка, Украина и Југославија.
Моментално, антиромското мислење е присутно во повеќето ако не во сите, Европски општества, Според една скорешна анкета, 79% од Чесите не ги сакаат Ромите.
Ситуацијата на Ромите во Централна и Источна Европа е едно од најпредизвикувачките прашања за сиромаштија кое се појави за време на транзицијата од социјализам, но ниту една етничка група не е толку исклучувана како што се Ромите.
Третманот врз Ромите денеска е најитното политичко, социјално прашање за човекови права со кое се соочува ЕУ.
Колку е Европа свесна за Ромите?
Темата е добро истражена, Ромите се сметаат за најбеспривилигирана малцинска група во Централна и Источна Европа. Сепак многу малку се прави во пракса за оваа ситуација.
Имајќи ги на ум сите тие резолуции, директиви и извешти кои се воспоставени од политички групи во ЕП, на кое ниво Ромите се вклучени и заштитени?
Според вашето искуство и мислење кои се најитните проблеми поврзани со Ромите на Европско ниво?
- Слаб пристап до мејнистрим образовни можности како резултат на расна сегрегација
- Отсуството на елементи во формални и неформални програми кои промовираат анти расизам, анти насилство и мултикултурно образование;
- Отсуство на расна еднаквост во образовни исходи;
- Ромите се соочуваат со големи бариери на работниот пазар и при пристап до вработување и како резултат повеќето од нив се невработени.
- Ромите низ Европа живеат во подстандардни живеалишта и често во гетоа или диви населби
- Особено е забележливо исклучување од здравствениот систем.
-
Животниот век е 12-15 години пократок кај Ромите отколку кај мнозинската популација
Што е досега направено како програм од вашата политичка агенда?
Особено внимание е посветено на прашањето за образование, особено на проблемот од расна сегрегација.
Какви активности планирате во идинина во врска со вашата политичка и етничка позадина?
Сакам да промовирам полиса за забрана на сегрегациски пракси во ЕУ.
Каква е соработката помеѓувас и вашите колеги?
Многу добра понекогаш, повеќето имаат волја да работат за тешкотиите на Ромите. Сепак кога станува збор за практични мерки за оваа поддршка често се двоумат, главно поради комплексноста на проблемите со кои се справуваме.
Која е вашата визија за иднината и каде се гледате себеси по вашата работа во Парламентот?
Би сакала да се вратам во граѓанската свера. Повеќето правни инструменти за интеграција на ромите сега се на место, Ромското граѓанско општество треба да научи да ги користи ефективно. Ако се укаже можност би работела и понатаму на политичко ниво, но на поизвршна позиција.