НРЦ присуствуваше во Брисел на почетокот на април, средба на која претставниците од повеќе земји од ЕУ и земјите од Западен Балкан разговараа за ромското прашање и стратегијата на Ромите во земјите членки на ЕУ. Средбата е иницирана од Европската Комисија и се однесува на стратегијата за Ромите 2015-2020 година. На средбата беше потенцирано дека се потребни засилени заложби за суштинска имплементација на стратегијата, иако се донесени голем број на документи. На средбата се дискутирше за домувањето, образованието и правото на жените Ромки.

„Средбата се искористи и за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите“-изјави Ашмет Елезовски, извршен директор на НРЦ.

Европската Комисија се уште работи на зебелешки, сугестии, но учесниците потенцираа дека положбата на Ромите и во земјите членки на ЕУ не е на завидно ниво и дека се потребни суштински програми кои ќе овозможат достоинствен живот на Ромите во дел од земјите членки на ЕУ.

НРЦ апелира дека е потребно да се преземат соодветни практични активности, на ЕК и политичките претставници на Ромите во државите од Европа, со цел да се подобрат условите за живот.

Претставниците на НРЦ присуствуваа и на средба во Хамбург, заедно со тамошните власти и медиуми, чија цел е зголемување на суштиснко учество на Ромите во креирање на политики кои ќе придонесат за подобрување на положбата.

Учеството  на извршниот  директор  во Брисел и Хамбург беше поддржано од проектот  Подобрување на здравјето на жените Ромки – “Моето здравје е моето право“, што воедно и беше промоција на истражувањето на ромското прашање пред Европските институции во Брисел  и во Германија .

 

Brussel march 2018 ERGO.ENAR Roma strategy preparatory meetingBrissel march 2018 ERGO, ENAR Roma Strategy meeting

 

31301940_2026288287635530_8203044771199975424_n

Brisel EU commision march 2018

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*