Заштита и спречување на дискриминација кон ромските деца

Во рамките на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца” од 20 до 22 декември 2017 год, во одлична работна атмосфера се одржа првата обука на тема заштита и спречување на дискриминација со претставници од граѓански здруженија.

Учесниците имаа можност на обуката да се запознаат со видови и форми на дискриминација, права на детето и заштита од дискриминација, домашно и меѓународно законодавство, инструменти за заштита од дискриминација, препознавање и идентификување на дискриминација на терен.

На обуката учество зеде Заменик народен правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа која одржа презентација на од полето на својата работа.

Обуката ја одржаа двајца тренери Зоран Ристески и Реџеп Али Чупи во соработка со проектниот тим.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

DSC_0169- DSC_0282- DSC_0140- DSC_0108- DSC_0015-

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*