2018-та проекти за социјална инклузија, социјална правда и права

2017-та година НРЦ реализираше значајни и крупни проекти за унапредувања на правата на граѓаните, за правата на жените Ромки, за постигнување напредок во сите сфери на живеењето на ромската заедница. Наредната година ќе се реализираат проекти со кои ќе се постигне поголема социјална правда и ќе се унапредат правата на ромската заедница. Сепак, постигнување на квалитетен животен стандард, унапредувања на правата не е само еден настан или еден проект, туку тоа е процес кој треба постојано да се надоградува. Вака ја оцени 2017-та и изрази очекувања за наредната 2018 година извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

Буверо кампот, проект за дискриминација,кампањата „Доста е“, „Едно Сонце за сите“, наменет за подигање на свеста кај најмладите за надминување на предрасудите, дискусии меѓу младите за надминување на стеротипите, активности во рамки на „Рома Прајд“,социјалната инклузија, беа само дел од проектите, се реализираа во 2017-та.

„Овие кампањи, проекти не можеа да се реализираат доколку не беа нашите пријатели и програми ЕУ, ЕК Делегацијата на ЕУ во Македонија, француската амбасада, програмата преку швајцарската амбасада, канцеларијата во Будимпешта на Фондацијата Сорос и останатите кои согласно нивните можности ги отвараат патиштата за креирање на граѓанските идеи кои се оддржливи и ќе дадат суштински придонес за граѓаните. Секој граѓанин да почуствува бенефит“-изјави Елезовски.

За наредната 2018 година НРЦ ќе реализира проекти кои директно ќе влијаат врз унапредување на правата на ромската заедница, на подобрување на состојбата на маргинализираните заедници, на подобрување на демократијата, социјалната правда и права.

„Ќе работиме за директен бенефит на граѓаните и да оставиме траен белег за идните поколенија“-изјави Елезовки.

НРЦ ќе влезе во процеси и одбележување на значајни датуми и јубели за ромската заедница, 75 години од ромското знаме, 10 години од одбележување на Денот на Ромите 8 април и 15 години од постоењето на НРЦ.

„Потребно е системско решавање и програмски концпет, стратегија да се подобри животот на секој поединец, на секој граѓанин во Македонија, се со цел да подобри инклузијата“-рече Елезовски.

Граѓаните кои имаат какви било потреби, проблеми, сугестии, забелешки и сите оние кои сакаат да се информираат можат да се обратат и да ги посетат официјалната страна на НРЦ, http://www.nationalromacentrum.org/mk/ и www.ednomagazine.com .

 

IMG_0838-6

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*