До:

Г-дин. Јозеф ДАУЛ, Заседавач на EPP ED групата
Г-дин. Мартин ШУЛЦ, Заседавач на PES групата
Г-дин. Греам ВАТСОН, Заседавач на ALDE групата
Г-дин. Брајан КРОУЛИ, Заседавач на UEN групата
Г-дин. Даниел КОУН-БЕНДИТ, Ко-претседател на Зелените/ЕFA групата
Г-дин. Францис ВУРЦ, Заседавач на GUE групата

Драги Претседатели на политички групи во Европскиот Парламент,

Во врска со дебатата за Европската ромска стратегија која се појавува на вашата агенда за претстојната пленарна сесија во јануари во Стразбург, би ве замолиле да обрнете внимание на следниве точки:

  • Европската ромска стратегија е потреба како и приоритет за Европската Унија, особено после настаните кои се одиграа во Италија минатата година. Таквата стратегија би и послужила на ЕУ како инструмент за заштита на слични развивања во други ЕУ држави членки;
  • Европската ромска стратегија треба да се фокусира на подобрување на животни услови на Ромите во Европа, креирање на работни места за невработени Роми, продлабочување на системот за недискриминација и борба против антициганизам во ЕУ, поддршка на едукација на Роми, донесување на здравство во ромските населби и промовирање на ромска политичка инклузија. Во исто време Европската ромска стратегија треба да ги земе во обзир официјалните препораки на Советот на Европа, Акциониот план за Роми на ОСЦЕ како и програмите за Декадата на ромска инклузија.
  • Креирање на ромска единица во Европската Комисија би требало да биде приоритет број еден за ЕУ, особено откако Европскиот Совет ќе ја препознае итноста на работата и ќе преземе конкретни чекори што е можно побрзо. Таква единица за ромски прашања би им помогнала на политиката, имплементацијата и мониторинг на Европската стратегија за роми во Европа;
  • Европската ромска стратегија би требало да им послужи на Ромите како еднакви граѓани во ЕУ и треба да биде наведена за консултација како и да се развива заедно со ромски партнери;
  • Ромите во ЕУ се 12 милиони луѓе. Со идното зголемување на ЕУ, значењето на примањето на западно балканските држави, бројката ќе се зголеми до 14-15 милиони и со Турција ќе дојде до 16-17 милиони Роми;

Сметаме на вашата поддршка и ви благодариме што ќе го споделите ова писмо со вашите колеги во Европарламентот така да и нашиот глас биде чуен.

Девлеса
Ашмет Елезовски
Претседател на Националниот Ромски Центар
Портпарол на Ромскиот Национален Конгрес
Делегат на Европскиот Ромски и Патнички Форум