НРЦ на дебата по повод „70 години Универзална декларација на правата на човекот“

 

НРЦ беше дел од јавната дебата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, која се одржа по повод „70 години Универзална декларација на правата на човекот“.На дебата во Собранието присуствуваат претставнции од повеќе институции, од власта, Луиза Винтон, постојаниот координатор на ОН во Македонија,претставници од специјалното Јавно обвинителство, поранешни судии, претставници на граѓанскиот секторот и други.На дебатата зборуваше претседателот на собранието, талат Џафери кој истакна дека во Македонија се вградени сите принципи и вредности кои ги содржи Универзалната декларација за човекови права.

– Прашањето е колку тие се почитуваат во практика и дали во овој период на самостојност кога станува збор за човековите права и слободи се движиме во позитивна насока“, рече Џафери.

Луиза Винтон, постојаната координаторка на Обединетите нации истакна дека иако започнува едногодишното одбележување на Универзалната декларација за човековите права, во ОН нема расположение за прослави, имајќи ги во предвид настаните во светски рамки во однос на прекршувањето на човековите права.

Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски на дебатата потенцираше дека не толку одамна се прекршувше човековото право на движење, а дел од граѓаните купуваат туѓи државјанства со кои, особено младите и еуцираните кадри засекогаш си заминуваат од државата, сметајќи дека им се ускратени одредени права, пред се поради економските.

Претседателот на собранието, Џафери истакна дека власта има одговорност кон граѓаните да ги подобри условите за живот и за почитување на правата.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*