НРЦ на свеченост по повод Денот на германското единство
НРЦ присуствуваше на свеченоста што ја организираше германската амбасада во Македонија, о повод трети октомври, Денот на германското единство. Претставникот од НРЦ, извршниот директор, Ашмет Елезовски, присуствуваше во амбасадата со многубројните гости од Македонија, меѓу кои и претставници од државниот и политичкиот врв, претставници од културата, дипломатскиот кор и од бизнис заедницата во Македонија.
Амбасадорот Томас Герберих во своето поздравно обраќање ги истакна разновидните и блиски односи меѓу Германија и Македонија.