Презентиран филмот „Социјална инклузија на Роми повратници во Македонија“
НРЦ учествуваше на Националниот форум на Цивика Мобилитас, насловен „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“, настан кој го организираше Цивика мобилитас,кој пак е дел од кампањата „Заедно зборуваме – Together we Speak“ на ЦИВИКУС – Светската алијанса за граѓанска партиципација. Главна порака на кампањата е: Гласовите на обичните граѓани се моќни и суштински во обезбедувањето праведна и одржлива иднина за сите – сега е време владите да ги слушнат и да делуваат. НРЦ пред присутните граѓани го промовираше документарниот филм „Социјална инклузија на Ромите повратници во Македонија“
„Многу сме задоволни од учеството на овој форум, на кој граѓаните имаа можност да се информираат за нашите активности, проектите, да земат од пропагандниот метаријал.Граѓаните покажаа голема заинтересираност за НРЦ.Воедно, имавме можност да размениме информации и со останатите организации кои учествуваа на форумот“-изјави Ашмет Елезовски, извршен директор на НРЦ.
НРЦ и останатите организации на овој форум порачаа дека е важно да се слушне гласот на граѓанските организации кои ги акумулираат потребите на граѓаните. На форумот присуствуваше и го отвори амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада.