Заеднички видувања со организација од Штутгард

НРЦ продолжува со соработка со организации кои се грижат за Ромите кои миграат од земјите од Западен Балкан во земјите од Западна Европа. Претставникот од НРЦ при неодамнешната посета во гермија, оставри средба со Шон Мекхинли, претставник од организација која се грижи за потребите на Ромите кои од земјите од Западен Балкан мигрирале во потрага за подобар живот во Германија. На средбата биле истакнати заложбите дека на Ромите кои се враќаат им е потребна и поддршка од властите за да повторно се интегрираат во општеството.

„НРЦ ќе продолжи со поддршката за повторно вклучување на децата во образованиот процес, поддршка за преквалификација за поуспешно вработување, но сепак и двете организации заклучивме дека е потребна поголема поддршка од властите, бидејќи дел од семејствата кои се депортирани, ризикуваат повторно, ги распродаваат имотите и заминуваат повторно во овие држави“-изјави, Ашмет Елезовски од НРЦ.

На средбата биле разменети искуства во однос на реализација на проекти и активности за оваа категорија граѓани.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*