НРЦ ја шири мрежата преку поврзување со организации во Берлин

При посетата на Берлин, претставник на НРЦ го посети Музјеот во Хамбург, посветен на жртвите од Холокаустот на Евреите и Ромите. На средбата со надлежните од општинските власти, конкретно со Марко Кнуцен, е посочено дека младите генерации од Европа треба да го постетат Музејот и да се едуцираат за настаните од минатото.

„Музејот е отворен, се наоѓа во близина на железничката станица и има доста пишани документи, така што препорака за младите кои ќе го посетат Хамбург да го посетат и овој музеј“-изјави, извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

Воедно, НРЦ ги презеде првите чекори за поврзување со организацијата ЕВЗ од Берлин која е донатор за Ромите деца кои ги доживеале ужасите на Втората Светска Војна.

НРЦ ја зајакна и соработката со долгогодишниот партнер организацијата „Rom und Cinti Union” на која при средбите со надлежните е увидено дека е потребна поддршка од општинските власти за поддршка на граѓанските организации, преку кои одговорните можат да ги увидат конкретните барања на граѓаните и да работат на нивно решавање.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*