Децата во овие градови опфатени во едукативниот процес

Сите деца од ромската заедница кои престојуваат во германскиот град Вупертал се опфатени во едукативниот процес, без разлика на возраста или познавањето на јазикот. Ова го увидел во разговорите со претставниците на ромската заедница од тој град, извршнот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски при посетата на градовите Вупертал и Дизелдорф.

„Децата се опфатени и во формалното и неформалното образование. Возрасните пак, без разлика на начинот на кој пристигнале таму имаат можност да го совладаат јазикот, да се вработат и да станат активни чинители и добри граѓани на таа заедница“-изјави Елезовски.

Дел од нив стравуваат дека ќе бидат депортирани. Сепак, објаснува изразуваат огромно задоволство од функционирањето на системот, особено од социјалните работници кои секојдневно со нивното ефикасно дејствување ги решаваат тековните потреби на граѓаните.

При посетата на овие градови, Елезовски остварил средба и со претставници од организацијата РМТ која ја негува ромската култура и музика.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*