Покана за посета во Куманово и НРЦ
Во рамки на средбите во Брисел, извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски оствари средба со европратеникот и известувач за Македонија, Иво Вајгл. Средбата се одржала во Европскиот парламент на 11. Октомври.
„Со европратеникот, кој мора да истакнам има огромно познавање за историјата и воопшто состојбите за овој регион, разговараме на повеќе теми, меѓу кои и за актуелната состојба на Ромите, за меѓуетничкиот соживот во Куманово по немилите настани од 9 и 10 мај 2015 во Диво Насеље“- рече Елезовски.
Тој го поканил европратеникот да го посети Националниот Ромски Центар и Куманово при неговата следна посета во Македонија.
„На средбата укажав дека Македонија мора и треба да биде дел од европското семејство“-рече Елезовски.