Креативна Европа

Извршниот директор на Националниот Ромски Центар, Ашмет Елезовски, во првата половина од октомври, учествуваше на средба во Брисел која ја организираше Европската Комисија на тема „Социјално поврзување“ на кој беа презентирани различни проекти од програмите Еразмус+ и Европа за граѓаните. НРЦ беше единствената организација од поширокиот регион и државава која имаше свој претставник на оваа средба, на која присутните од сите држави од Европа, разменија мислења, идеи, а имаа можност меѓусебе да се запознаат, да соработуваат да учествуваат на паралелените работилници на теми, интеркултурен дијалог, меѓусебно разбирање, станување активен дел од општеството, солидарност, толеранција во време на криза, нови модели на општествен ангажман.

„За нас ова беше големо искуство, организаторите ни ја претставија програмата и побараа од нас да бидеме активни партиципиенти. Токму поради фактот, што бевме единствените од регионот поканети на ова средба, за нас е чест, но и обврска стекнатите знаења да ги пренесеме на колегите за поуспешно менаџирање на проектите“-изјави Елезовски.

Тој додава дека бил единствениот Ром на средбата, иако имало органзиации кои работат на ромски прашања. За него, истакна многу значајно е комуницирањето преку социјалните мрежи, каде со еден клик, сите можат да работат на унапредување на толеранцијата, солидарноста, еднкавоста.

Организаторите, додава биле задоволни од учесниците. НРЦ како грантист на програмата Европа за граѓаните, ќе продолжи со реализација на успешни кампањи и промоција на дијалогот, толеранцијата и еднаквоста, заклучи Елезовски.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*