Спортски ден во рамки на проекот „Едно Сонце за сите“
Ученици од основното училиште „Кочо Рацин“ од различни етнички заедници се натпреваруваа и другаруваа во рамки на спортскиот ден кој се одржа неодамна во спортската сала на училиштето во рамки на проектот „Едно Сонце за сите“. Настанот се одржа под мотото „Сите сме шампиони“, а учествуваа учениците од вишите одделенија од основното училиште и корисниците на дневниот центар „Порака Наша“, под менторство на професорите по физичко и здравствено образование, кои покажаа дека во спортот нема победници и поразени. Учениците соработуваа и порачаа дека спортските активности, особено тимските спортови само го надоградуваат чувството за толеранција и меѓусебна соработка.
Претходните денови во рамки на проектот „Едно Сонце за сите“ кој го спроведува Националниот Ромски Центар во соработка со „Кочо Рацин“ и „Порака Наша“ се одржаа ликовни работилници и литературни читања.