Кампања на НРЦ за надминување на предрасудите

70-тина ученици од кумановските основни и средни училишта, учествуваа на денешната работилница на која стручни лица ги едуцираа за начините за надминување на предрасудите, стереотипите и дискриминацијата, во рамки на кампањата која ја спроведува Националниот Ромски Центар. Проектот се имплементира со поддршка на Советот на Европа, кампањата Доста „Ајде да зборуваме за дисриминација“, поддржан од француската амбасада.
„Кампањата ќе се работи во три фази. Покрај денешната работилница, во втората фаза имаме креативни дела во кои учениците ќе цртаат на маички и ќе се снима видео материјал и третата фаза е изложба на изработените дела од настанот“ – изјави, Ирфан Мартез од Националниот  Ромски Центар.

Раководителот на Одделението за заштита на правата на децата и лица со посебни потреби од канцеларијата на народниот правобранител, Васка Бајрамовска – Мустафа ги едуцираше присутните учесници како да ги надминат предрасудите. Таа посочи дека дискриминацијата отсекогаш постоела и ќе постои во иднина и дека низ годините не се намалува бројот на претставки поднесени по однос на етничката дискриминација. Бајрамовска Мустафа, сепак додаде дека е многу значајно да се работи со учениците во насока на препознавање и надминување на дискриминацијата.

„Задоволително е тоа што граѓаните помалку, но постепено се повеќе и похрабро знаат што е дискриминација, ги препознаваат механизмите за заштита, доаѓаат во нашата институција, меѓутоа потребни се и понатамошни заложби, за повеќе кампањи, заложби за подигање на јавната свест, за едукација на децата, за еднаквост и заштита од дискриминација и затоа се секако за поздравување ваквите работилници кои што ги организираат невладините организации“ – изјави Бајрамовска.

Таа потсети дека  изминатите години  актуелно беше  прашањето со враќањето на Ромите од граница, односно ограничувањето на слободата на движење, каде што, посочи само припадници на ромска етничка заедница во најголем број за разлика од другите етнички заедници беа враќани и не им беше дозволен пристапот до излегување надвор од државата.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*