Клучни наоди од мониторинг на седници на совети на општините во врска со меѓуетнички односи
Овој извештај е подготвен во рамки на проектни активности „Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво“ со поддршка на Делегација на Европска Унија и Инсок.
Здружението Национален ромски центар-Куманово (НРЦ) заедно со Здружението на Роми АВЕНА-Кочани, почнувајќи од 01 Април до 31 Август, 2017 година го следеа нивото на квалитет на седниците и нивната динамика, структурата на учесниците во процесот на донесување на одлуки во врска со меѓуетнички односи, дали во општината функционира Комисијата за односи меѓу заедниците и дали истата е консултирана, дали нивните мислења и препораки се земени во предвид, планирањето и алокација на средства, учеството на помалите заедници директно или индиректно како граѓани.
Пред вас е петтиот извештај од мониторинг кој се однесува на период од 01 април до 31 август 2017 година.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.