Во текот на кампот БУВЕРО беа одржани вкупно 20 сесии, распоредени во 5 тематски целини од теоретскиот дел.
Првиот ден „Јас и мојата приказна“ беше посветен на ромски идентитет и на оваа тема со учесничките разговараше Љуан Коко, претставник на здружението ЦЕРЕС од Србија, со богато работно искуство од областа на новинарството и правата на националните малцинства. Тој дискутираше за идентитетот како сила за обликување на заедницата, за предрасудите и за значењето на ромскиот идентитет. За начинот на информирање за Ромите во медиумите зборуваше Зорица Кибичек, новинар од Србија.
За дискриминацијата, предрасудите и стереотипите со девојките разговараше Васка Бајрамовска Мустафа, заменик Народен Правобранител, која предизвика реакции и бурна дискриминација. На темата за ромскиот идентитет со учесничките разговараше и Ашмет Елезовски, извршен директор на Национален ромски центар.
Вториот ден „Јас и мојата приказна“ беше посветен на раскажување на лични приказни преку вежби и презентации, за подоцна да се посветиме на новинарството преку вовед во основни новинарски жанрови, видови информации и практични вежби. Овие сесии беа организирани од страна на Ирфан Мартез и Славица Ќурчинска, членови на Национален ромски центар. Вечерната сесија приказните почна да ги придвижува преку театар и филм благодарение на актерката Санела Емин.
Третиот ден „Комуникација и фотографија“ го започна Небојша Илијевски кој преку интересни вежби и игри ги упати девојките во начините на комуникација и раскажување, за подоцна во текот на денот раскажувањето да добие лик преку практични вежби за фотографирање во сесиите што ги водеше Дејан Џингарски. Вечерната сесија посветена на улогата на ромките активистки и беше отстапена на Себихана Скендеровска.
Четвртиот ден беше постепен премин од теорија кон практичен дел кога почна формирањето на идеите и приказните кои во вториот дел од кампот стануваат видео.
Останатите 4 дена беа посветени на практична работа, изработка на приказна, сценарио, снимање и монтажа на 3 видео приказни.