Кампот Буверо 2017 традиционално по трет пат беше организиран во Етно село во Куманово преку програмата Европа за граѓаните на Европска Комисија, во партнерство помеѓу Национален ромски центар и Ромедија Фондација
Национален ромски центар во партнерство со Ромедија Фондација, со поддршка од програмата Европа за граѓаните на Европска Комисија по трет пат го организираше кампот Буверо на кој учествуваат 12 ромски девојки од Македонија, Србија и Бугарија.
За време на тренингот се продуцираат аудио-визуелни материјали и се формира мрежа за комуникација помеѓу ромските жени, кои во нивните идни активности ќе бидат во можност да известуваат за тековни социјални прашања, влијанија на јавни политики и да креираат позитивна промена во нивните заедници и животи.
Целта на кампот е да се развијат професионалните вештини на млади ромски жени, унапредување на еднакви можности, признавање на нивната култура преку еднакви можности обезбедено преку медиумите. Тие ќе имаат можност да известуваат за нивните заедници користејќи свои зборови, од нивна перспектива, пракса која им помага да се борат против дискриминација. За време на тренингот се зајакнуваат нивните способности за нови креативни начини за изразување.
Инаку, БУВЕРО значи школка на ромскиот јазик, што од друга страна е симбол за добра комуникација, позитивни односи и моќта на женственоста. БУВЕРО е иновативна идеја за почеток на процес на промена во заедницата и во животот на ромските жени. Програмот обезбедува медиуми, лидерство и тренинг за новинари за ромски девојки/жени. Тој е дизајниран за да се зголеми самодовербата на девојките преку владеење на дигитално новинарство и новите медиумски вештини, поттикнувајќи активизам во заедницата и социјални промени.
На кампот Буверо 5 и оваа година се работеше на зајакнување на ромските девојки преку високо квалитетни интезивни тренинзи за основи на новинарство, вклучување јавни личности во Македонија и пошироко за лична поддршка на учесниците, обука на младите за споделување на тоа што научиле во заедницата и да се охрабрат учесниците да станат гласноговорници за нивните заедници.