Можност за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија на граѓани и претставниците на локалната власт

На ден 18.08.2017 година во просториите на ресторанот „Рим-Париз”, Куманово се одржа десеттата и последната тркалезна маса во рамките на проектот “Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво.” На тркалезната маса присуствуваа претставници од локални здруженија на граѓани, претставници од Комисија за односи меѓу заедниците и претставници од подрачни единици на држaвната управа.

На оваа тркалезна маса учесниците имаа можност да ги кажат своите мислења и ставови за документите кои тие заедно со проектниот тим и експертот ги изработија во рамките на проектните активности, како и за досегашната соработка при имплементација на проектот.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC00895-800x600 DSC00886-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*