Кампања за образование на Ромите во Македонија
„Клучот е во ваши раце“
Образованието е клуч кон интеграција и просперитет
Отклучете ја вистинската врата

Конкретни планови и активности за
образованието на Ромите во Македонија
Работни сесии

Скопје, 05 Април 2006

РЕЗИМЕ

На 5-ти Април во Хотел „Холидеј Ин“  во Скопје, со почеток во 9.00 организираме Работна сесија за решавање на проблемот со образованието на Ромите на која ќе присуствуваат претставници на владините институции, локалната самоуправа и ромските невладини организации.

Врз основа на нашите досегашни активности, сметаме дека Ромите сеуште се наоѓаат на маргините на општественото живеење. Основните фактори што ги доведуваат Ромите во оваа положба се кризите низ кои минува овој регион, како и тешката финансиска и социјална состојба.

Сметаме дека покренувањето на поголем број иницијативи од државата, од европските, светските институции и фондации (Акциониот план за Ромите на ОСЦЕ, Европскиот Ромски и патувачки форум, Декадата на Ромите на СОРОС фондацијата и Светската банка и Националната стратегија на Проект за етнички релации – ПЕР) го условува нужното инволвирање на Ромите во процесите на овие институции заради реална актуелизација и изнаоѓање на вистински решенија за потребите на Ромската популација.

Ромското прашање треба да се актуелизира токму во овој момент кога поголемиот дел од ромското население сеуште се соочува со прекривање на нивните основни човекови права (предрасуди, дискриминација, маргинализација), а Македонија се стреми за влез во Европската Унија.

НРЦ преку своите активности се стреми за придонес кон инклузијата на државата во Европската Унија. Следните 10 години, што се пред нас, се голем предизвик да работиме во рамките на Декадата на Ромите.

Би сакале да ве информираме дека Националниот Ромски Центар во овој период работи интензивно на подобрување на состојбата со образованието на Ромите, преку реализација на кампања.
Едукативната кампања дејствува на три нивоа:

  • Мотивирање на ромските родители за вклучување на нивните деца во образовниот процес. На ова ниво се прибираат податоци за степенот на образованието на членовите на семејството. Се согледуваат причините за непосетување на училиште, се евидентираат децата на предучилишна возраст, се посетуваат и анкетираат родителите, по што ќе се изработат извештаи чија цел ќе биде да се прикаже постигнатиот ефект. Целта на активноста е подигање на свесноста на родителите за значењето на образованието.
  • Соработка со новинарите и еминентни претставници на Македонските медиуми. Во рамките на оваа активност контактираме и соработуваме со сите медиуми во државата, бараме поддршка, како и поголемо известување од нивна страна во врска со ромската проблематика во образованието и неговото значење.
  • Соработуваме со претставници на државните институции кои работат во рамките на ромската проблематика.

За реализација на кампањата ја добивме поддршката од Претседателот на Република Македонија, заменикот на претседателот на Владата на Р.М., Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на припадниците на заедниците, Министерството за труд и социјална политика, Советот за радиодифузија, Македонската Информативна Агенција, Македонскиот Институт за медиуми, Адвокатската Комора на Македонија, Град Скопје, Општините Куманово, Прилеп, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Чаир и Гази Баба.

Информација за организаторот

Националниот Ромски Центар е невладина организација која соработува со релевантни актери и работи за активна партиципација и интеграција на Ромите, засновувајќи ја својата работа на принципите на модерното мултиетничко европско општество.

Организацијата работи како глас на Ромите и се залага за заштита на правата гарантирани за сите граѓани и развој на комуникациска мрежа.

Целта на НРЦ е решавање на локални, национални и интернационални проблеми и бариери во ромската проблематика.

Информација за донаторот

Ромскиот Едукативен Фонд е креиран во рамките на Декадата на Ромите.

Целта на Ромскиот Едукативен Фонд е да придонесе за затворање на јазот и едукативните разлики помеѓу Ромите и не-Ромите, преку поддржување на програми за поддршка на квалитетно образование за ромската популација, вклучувајќи го и прашањето за десегрегација во образовните системи.

Со почит,
Ашмет Елезовски
Проект менаџер