Скопје, 31 јануари (МИА) – Ромското прашање во Македонија – недостаток на знаење или отсуство на политичка волја е темата на денешното јавна дебата што се одржува во Собранието на Република Македонија.

Според Извештајот на Европскиот центар за праватана Ромите и Националниот ромски центар на Република Македонија, Ромите во Македонија во поглед на вработувањето и условите за работа се во многу тешка состојба.

Во Извештајот се наведува дека во Македонија 31 отсто од Ромите немаат образование воопшто, а како резултат на тоа голем дел од нив се невработени или работат како физички работници.

Hearing

Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски истакна дека Македонија треба да се приближи кон ЕУ, а прашањето за Ромите е европско прашање и треба да се решава во тој правец. – Ромите се уставна категорија и поради тоа сите ние треба да имаме политичка волја да ја подобриме нивната состојба, истакна Георгиевски.

За министерот за надворешни работи Антонио Милошоски стратешка определба на Македонија е гарантирање на уставните права на сите граѓани. – Мораме да вложиме напори за примена на Стратегијата за Ромите која претставува имплементација на посебни мерки за еднаквост во општеството со цел да се постигнат повисок стандард и образовно ниво на животот на Ромите. Тој истакна дека постои политичка волја за решавање на проблемите на Ромите, но дека е потребен комплексен пристап за подобрување на животот и социообразовниот статуст на ромската заедница.

Hearing

Евроамабасадорот Ерван Фуере смета дека Владата треба да имплементира политика на меѓународни стандарди, а НВО-секторот да спроведе ефективна програма за решавање на статусот на Ромите. Тој истакна дека голема улога во ова треба да имаат и ромските претставници во Собранието.

Претставникот на Европскиот парламент Ерик Мејер истакна дека Македонија се стреми кон ЕУ и дека поради тоа многу е важно да се понудат решенија за Ромите во иднина.

Hearing

Во Извештајот на Европсиот центар за правата на Ромите и Националниот ромски центар на Македонија, и се препорачува на македонската Влада да преземе мерки за подобрување на состојбата на Ромите преку програми за бесплатни обуки со цел да се зголеми нивот на нивната вработеност. Исто така, се препорачува усвојување и на мерки за поголема вклученост на Ромите во образовниот процес.