Од 23 до 25 јуни 2017 година од страна Европското антирасистичко движење ЕГАМ од Париз, Франција и Конексе од Прага, Република Чешка, беше организирана интернационална комеморација на жртвите на холокаустот во Лети, Република Чешка. Националниот ромски центар како партнери на проектот „Сеќавање на геноцидот над Ромите од програмата Ерасмус +“ оддаде почит и положи цвеќе пред кампот во Лети. Престојот на делегацијата дополнително беше поддржан од програмата на Европската унија „Европа за Граѓаните“.
Комеморациијата на жртвите на холокаустот во Лети во 14 часот започна со Ромската Химна Џелем Џелем. Во текот на комеморацијата, на присутните се обратија Бенџамин Абтан претседател на ЕГАМ, министерот за правда на владата на Република Чешка Роберт Пеликан, претставници на политичките партии од Република Чешка и претставниците на делегациите од организации од Европа и Балканот. Сите обраќања беа насочени за отстранување на свинската фарма од местото каде што беше концетрациониот логор. Помеѓу обраќањата беа исполнувани комеморативни ромски песни од различни учесници на комеморацијата. На крајот беа положени венци и цвеќиња на оградата од концентрациониот логор.
За повеќе информации за кампот во Лети во статијата на Едно магазинот: http://static.nationalromacentrum.org/pdf/edno5-web-l.pdf
Покрај официјалниот настан за комеморација беа организирани и работилници:
- Работилница на која претставникот од организацијата Конексе Мирослав Броз и ромскиот активист Јозеф Мајкер ги запознаа членовите на делегациите за долгогодишната борба за остранувањето на свинската фарма, и причините зошто се организира комеморацијата.
- Работилница за состојбата на расизмот кон Ромите во Европа на која членовите на делегациите имаа можност да разменат информации за расизмот во државите од Европа и Балканот.
- Работилница за Организирање на Ромска гордост 2017 со кои членовите на делегациите дадоа кратки информации за тоа како планираат да го организираат одбележувањето на Ромската Гордост во земјите низ Европа и Балканот.
- Комеморативен концерт и културен настан на кој учествуваа претставниците на делегациите од различни земји кои се претставуваа со песни и танци од своите држави.