Националниот ромски центар во партнество со здружението Паблик од Скопје продолжува со имплементација на проектот „Спречување на дискриминацијата кон децата роми“ поддржан од Делегацијата на Европска унија. На 19.05.2017 година беше организирана работилница за Адвокати поддржана од програмата на Европска унија „Европа за Граѓаните“

Во имплементација на проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца“ е вклучена и работата со процесирање на случавите на дискриминација и повреда на основните и детските права кои ќе бидат идентификувани на терен во ромските заедници. Изборот на адвокати следеше преку објавеното барање за пријава на адвокати од кои беа избрани 3 адвокати кои ќе го покриваат реонот Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип, Прилеп и Кичево

Работилницата беше организирана со цел:

Промоција и запознавање на адвокатите и партнерскатасо организација општата и специфичните цели, планираните активности и резултати од проектот и краток вовед во задачите и обврските на адвокатите со предходно изготвена повер поинт презентација.

Задачи и обврски на Адвокати начинот на процесирање на случаевите кои ќе бидат идентификувани на терен и нивно понатамошно процесирање и комуникација со теренските фасцилитатори и пректниот тим.

Размена на информација и искуство со дискриминацијата прекршување на основните и детските права.

DSC_0289-800x600 DSC_0287-800x600 DSC_0283-800x600 DSC_0278-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*