Националниот ромски центар во партнество со здружението Паблик од Скопје продолжува со имплементација на проектот „Спречување на дискриминацијата кон децата роми“ поддржан од Делегацијата на Европска унија. На 18.05.2017 година беше организирана работилница за теренските фасцилитатори поддржана од програмата на Европска унија „Европа за Граѓаните“
Како еден од главните столбови од имплементација на проектот „Спречување на дискриминацијата кон ромските деца“ е работата на терен со ромската заедница кои преку објавено барање за теренски фасцилитатори беа пријавени активисти и организации од Куманово, Крива Паланка, Кочани, Штип и Кичево
Работилницата беше организирана со цел:
Промоција и запознавање на учесниците со општата и специфичните цели, планираните активности и резултати од проектот и краток вовед во задачите и обврските на теренските фасцилитатори со предходно изготвена повер поинт презентација.
Дефинирање на поимот дискриминација, видови на дискриминација, препознавање и идентификација на дискриминација и надлежни органи и институции за правна заштита од дискриминација
Задачи и обврски на теренските фасцилитатори комуникација со предпоставените од проектот и понатамошно процесирање на случајот со адвокатите кои ќе бидат ангажирани на проектот.