Интернационална Конференција
Организирана со Владата на Унгарија
Будимпешта, Април 2-3, 2007

Ромскиот Едукативен Фонд ја организираше Конференцијата за образовни реформи во Централна и Источна Европа и ромска инклузија во Будимпешта на која присуствуваа претставници на владини институции, на невладиниот сектор и донаторски организации. Во период од два дена беа разгледани повеќе прашања и значајни теми за образованието на Ромите. Преку дискусиите во тркалезните маси беа презентирани позитивните искуства од досегашната реализација на проектите финансирани од страна на РЕФ.
Сите предлози и сугестии ќе им бидат пратени на учесниците на дополнително разгледување и дискусија до финалното спојување во евалуативна форма.

Претставници на НРЦ учествуваа на конференцијата, го претставија документарниот филм „Клучот е во ваши раце“ пред учесниците и го промовираа Годишниот Извештај на организацијата за 2006-та.

Само некои од размислувањата во излагањата:

Треба да му се понуди можност на секое ромско дете да се чувствува гордо што е Ром. – Делиа Григоре, претседател на Ромскиот Центар “Amare Promentza” од Романија.

Родителите не се проблем, тие се дел од решението на проблемот со образованието на ромските деца. – Румијан Русинов, заменик директор на Ромскиот Едукативен Фонд.

Дали едно необразовано ромско дете кое никогаш нема да се вработи и нема да плаќа данок не ја чини државата поскапо? – Ник Торп, BBC