04 – 07 Oктомври 2010 Брисел
На 5 Октомври 2010 тимот на НРЦ ја имаше можноста да учествува на „Отворени Денови“ 2010 во Брисел. Следат изјавите на тимот на НР кој учествуваше на „Отворени Денови“
Ова искуство беше од голема важност бидејќи имавме можност од прва рака да видиме како функционираат европските институции. Учеството на работилницата „ Отворени денови“ ми пружи можност да искусам како се одвиваат европските процеси и да искусам култура сосема различна од нашата.
Кирил Петковски,
преведувач во НРЦ
Едно големо искуство за мене. Да се пренесе тоа европско искуство во наш регион се со цел да се работи на слични искуства и проекти кои беа презентирани на „ Отворени денови“ во Брисел. Да успее и Македонија да работи на развивање на процесите за побрзо вклучување во ЕУ. Ние како учесници би било добро и идната година да имаме ваква можност да собереме позитивни искуства од ваков карактер кои ќе може да ги примениме во Македонија.
Љатиф Демировски
административен работник
Учество на „Отворени денови“ во Брисел на кои се креираше визијата и стратегијата за Европа 2020 беше големо и корисно искуство од повеќе аспекти. Посета на европските инситуции ми пружи можност да се доживее Европа непосредно од културолошки, социолошки, економски и организационен аспект.
Организирање на европски отворени денови во траење од 04 до 07 октомври 2010 година (оваа година по осми пат) за сите граѓани и заинтересирани организации, здруженија се одвиваше на високо организирано и професионално ниво.
Оваа промоција на европската култура се одвиваше според претходно најавена програма за учесниците кои претходно се регистрираат и добиваат одобрение и потврда за нивното учество.
Преко учеството на една од сесиите во зградата на Европска комисија имав можност од претставниците на Европските институции да слушнам излагања за состојбите и предизивиците со кои се соочува Европската унија и кои се визиите за развој и унапредување на условите и функционирање на ЕУ. На оваа сесија беше изложена анализа за мерење на квалитетот на животот на граѓаните на државите членки на ЕУ преку следење на БНП, и кои се слабостите кога се третира само оваа мерка за да се одереди квалитот на живеењето.
Ваквите искуства се од голема важност како едно позитивно искуство да се почувствува непосредно европскиот дух, функционирање на европските институции, нивото на развој кој го достигнала Европската унија и применливоста на таквите искуства во Р. Македонија.
Славица Тасевска -Симоновиќ
асситент во проект
Ретка и прекрасна можност да се почувствуваат финесите на демократијата и да се видат структурите на кои почива таа во самото срце на Европската Унија.
Ова впечатливо искуство беше од големо значење за натамошниот развојот на личните капацитети и надградба на перцепцијата за Европската Унија, бидејќи целиот процес беше згодна прилика да се посетат Европските институции и одблизу да се види нивната организациона структура и софистицираноста во функционирањето на Европскиот Парламент и Европската Комисија. Особено голем придонес кон сето ова дадоа состаноците во Европскиот Парламент, состаноците со првите луѓе на кабинетот на претседателот на Европската комисија Г-динот Баросо, но секако значаен удел имаа и циклусите предавања и работилници од “Отворени денови“ организирани од Европската Комисија, кои го изложуваа текот на европските процеси, и функионирањето на Европската Унија во сите општествени сегменти.
Ќани Мустафовски
административен работник
Ова за мене беше значајно искуство, со оглед на тоа дека имав можност за прв пат да влезам во такви институции. Остваривме контакти со први личности од Европските институции: Европски парламент и Европска комисија.
Начинот на функционирање на такви големи настани и институции ме импресионираше, затоа што се функционира беспрекорно. Сметам дека и за НРЦ оваа беше од големо значење. Разменивме значајни информации со претставници од Европската унија и успеавме да го претставиме НРЦ на едно високо ниво.
Славица Ќурчинска
Ассистент на менаџерот на НРЦ
Пред се јас имав претходни искуства и посети во Европска комисија и Европски параламент. Намерата за ова иницијатива произлезе од идејата она што јас им го пренесував претходно на моите колеги од НРЦ и лично да имаат можност да го искусат.
Европските отворени денови се многу убава можност одблизу да се види како функционираат европските институции, со кои инструменти и методи се служат.
Задоволство ми претставува што успеав дел од тимот на НРЦ да има можност да присуствува на овие отворени денови и да се сретнат со некои видни претставници на европксите институции како што се Европскиот парламент, меѓу кои и со Ливија Јарока, Ромка европарламентарка.
Во овие европски институции беше остварена и средба со раководни лица од кабинтетот на Вивија Рединг (заменик на Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо).
Мое видување беше дека колегите од НРЦ беа пријатно изненадени од тоа како функционираат европските институции, од самиот начин на регистрација за учество, начинот на влегување во институциите и промоција на европските вредности.
Заклучно според ваквите искуства и придобивки од овие посети, мое мислење е дека треба еднаш годишно ромските организации да имаат средби со вакви претставници за да се створи можноста директно да се пренесат пораките и мислењета од едната и од другата страна директно да се слушнат ставовите а не преку некои документи, што е еден многу поефикасен и поефективен метод за креирање на насоки за делување.
Онаа што јас го увидов преку овие средби е дека ромското прашање е зацврстено во агендите на европските институции и има одреден напредок не со големо темпо, но се надевам дека ќе продолжи да се одвива во нагорна линија.
Генералниот заклучок е дека секоја институција која има добро услови за работа, кога работата е соодветно исплатена нормално е да има ефекти од таквото работење.
Тешко е кога одредена организација се соочува со проблеми за изнаоѓање на средства а има потреба и од неа се очекува да сработи многу.
Ашмет Елезовски
менаџер на НРЦ