Преглед на постоечките механизми за вклучувањето на помалите заедници на локално ниво

Културната различност во Република Македонија е вградена во фундаменталните одредби за државноста. Заштитата и промоцијата на правата на различните етнички заедници се загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија.

Сепак, интеграцијата на помалите етнички заедници во економската, политичката и социјалната сфера на државата се покажа како специфичен предизвик уште од осамостојување на државата, односно повеќе од две декади. И покрај тоа што Република Македонија има наследено релативно широка рамка во однос на почитувањето на правата на етничките заедници, некои предизвици сѐ уште опстојуваат. Тие главно се однесуваат на економската и политичката вклученост на овие заедници.

Овој извештај е изработен како дел од проектот „Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво“. Целта на ова истражување е да се обезбеди преглед на состојбата со вклученоста и учеството на помалите етнички заедници на локално ниво.

Линк од истражувањето: http://static.nationalromacentrum.org/pdf/izvestaj%20MK.pdf

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*