Тим, тимска работа, комуникациии во мултикултурно опкружување и решавање на конфликти
На 16 и 17 Март во хотел Белведере, Охрид се одржа втората обука за тим, тимска работа, комуникациии во мултикултурно опкружување и решавање на конфликти со претставници од граѓански здруженија и локални власти од општините Прилеп Битола и Кичево.
Првиот ден на обуката учесниците се запознаа и ги дефинираа поимите тим, тимска работа и дефинирање на улогите во тим. Исто така учесниците преку вежби и примери ги зајакнаа своите знаења во делот на комуникација во мултикултурно опкружување.
На вториот ден од обуката учесниците преку формални и неформални вежби се запознаа со начини за справување со предрасуди и стереотипи и решавање на конфликти во мултикултурно опкружување.
Работилницата ја спроведуваа двајца обучувачи Зоран Стојковски и Билјана Пешева во соработка со проектниот тим.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.