27.10.2016

 

Почитувани,

 

Здружение Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање понуди за печатење годишен извештај“ повикувајќи ги сите квалификувани субјекти, да поднесат понуди:

 

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален Ромски Центар“ НРЦ од Куманово со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ бр. 11/5.

1.2 Предмет на барањето: прибирање на понуди за печатење годишен извештај.

1.З.Национален Ромски Центар (НРЦ) заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање преку својата интернет адреса како и преку социјалните мрежи, до сите квалификувани субјекти во Република Македонија заради добивање на соодветни понуди за ангажман опишан подолу во барањето.

 

  1. Пријава

 

Понудувачот треба да достави понуда во која согласно потребите на набавувачот, во понудените содржини да содржи:

– Понуда за печатење на годишен извештај во формат А4, во колор, број на страни – 40, во тираж 100 примероци на англиски јазик и 100 примероци на македонски јазик.

 

  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Цена,
  • Квалитет на понудените стоки и усллуги,
  • Долговремено и потврдено искуство во областа.

Цената и квалитетот носат најмногу по 45 бодови, додека искуството во областа носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ке добие најмногу поени.

Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост.

Бодувањето на понудените цени се определува согласно процентниот сооднос на најниската и највисоката понуда.

 

  1. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.

4.4 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари.

4.5 Рок и начин на плаќање

 

 

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта на [email protected] или по пошта на адреса ул. Доне Божинов 11/5 најдоцна до 05.11.2016.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*