За 2017 година Амбасадата на Република Франција предлага партнерство со граѓанското општество со цел да подржат проекти кои ќе овозможат промовирање на вредности и влогови преку конкретни активности
На средбата со амбасадорот и невладините организации од Mакедонија беше разговарано за заедничките европски вредности, почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на припадниците на другите етнички заедници.
За 2017 година Амбасадата предлага партнерство со граѓанското општество со цел да подржат проекти кои ќе овозможат промовирање на вредности и влогови преку конкретни активности
- Промоција и заштита на човековите права, прашања поврзани со слобода на изразување и борба против говор на омраза, борба против дискриминацијата и родова рамноправност
- Вклученоста на Ромите во Македонското општество
- Полова еднаквост, унапредување на половата еднаквост
- Професионална вклученост на младите
- Хендикепираните лица