21 ноември 2016 година, Здружение Национален ромски центар, со седиште на ул Доне Божинов 11/5 Куманово, објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на работно место проектен менаџер во рамки на проектот „Социјална инклузија на ромски жители и Роми повратници во Македонија“ , со полно работно време од 40 часа неделно, со почеток на работно време во 08.30 и завршување во 16.30, со највисок износ на нето плата од 40.156 денари, во траење од 6 месеци.
Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Македонија
- да има завршено високо образование, општествени науки
- познавање на Microsoft Office™ (Word™, Excel™ и PowerPoint™) и Open Office;
Потребни документи за пријавување:
- диплома за завршен факултет
- кратка биографија
Сите заинтересирани кандидати може да се пријават електронски на [email protected], или во архива на НРЦ на следнава адреса
Здружение Национален ромски центар
Ул Доне Божинов 11/5
1300 Куманово
Рокот за доставување на пријавите е до 29 ноември 2016 година.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава без уредна документација, нема да биде предмет на разгледување.