Куманово, 17 јуни – Националниот ромски центар – Куманово го промовираше документарниот филм „Испеан живот“, кој ја отсликува богатата ромска традиција и историја препеана преку изворната ромска музика. Филмот е во организација на Националниот ромски центар (НРЦ), а во продукција на „Котиледон“.

– Во филмот учествуваа 100 лица, уметници, но и граѓани на Куманово. Тој е снимен на дваесетина локации, а ќе се емитува на повеќе национални и локални телевизии, рече менаџерот на НРЦ Ашмет Елезовски на промоцијата на филмот.

Реализирањето, како и промоцијата на документарниот филм што се одржа во локалитетот „Стара Бања“, ги поддржа и кумановската локална самоуправа преку Секторот за јавни дејности.

Покрај филмот, DVD-то содржи и избор од најубавите стари ромски песни интерпретирани од страна на познати изведувачи. Документарниот филм, заедно со изборот на ромска музика, ќе биде дистрибуиран низ цела Македонија, ќе биде присутен во сите ромски домови, ќе биде достапен до сите кои ја почитуваат ромската музика и култура.

Сите заинтересирани, кои сакаат да ја добијат оригиналната верзија на филмот може да го контактираат:
Националниот Ромски Центар
Доне Божинов 11/5
1300 Куманово
info[at]nationalromacentrum[dot]org
www.nationalromacentrum.org
+389 31 427 558.