Создавање на можности за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија на граѓани и претставниците на локалната власт
На ден 21.12.2016 година во просториите на ресторанот „КркамБар”, Прилеп се одржа петтата тркалезна маса во рамките на проектот “Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво.” На тркалезната маса имаше присуствуваа локалните здруженија на граѓани и претставници од локалната власт.
Целта на оваа тркалезна маса беше да се создадат можности за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија на граѓани и претставниците на локалната власт, како и можност учесниците да споделуваат искуства, мислења како и да идентификуваат решенија на определени проблеми со кои се соочуваат во нивната општина.
На крајот на тркалезната маса се донесоа неколку битни заклучоци на кои ќе треба да се работи на следните средби кои ќе се одвиваат помеѓу локалните здруженија и претставниците на локалната власт со цел да се најдат решенија за надминување на проблемите и да се создадат можности за добра комуникација и соработка.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.