Изложба на цртежи, мајци и платна изработени од страна на учениците од основните и средните училишта од Куманово по повод Рома Прајд и кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“ беше организирана од страна на НРЦ.
Изложбата е финална активност на Рома Прајд и кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“ поддржана од програмата „Европа за граѓаните“ на Европска Унија.
На 28.10. НРЦ во соработка со основните и средните училишта од Куманово организираше изложба на цртежи на тема „Колку ги познаваш Ромите“ и мајци и платна со цитати, изреки и креативни творби за намалување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата кои беа изработени на хепенингот што беше оддржан по повод одбележувањето на Рома Прајд.
На изложбата покрај изложените цртежи и креации кои беа изработени од учениците беа доделени и сертификати за учество на сите ученици, наставници и училишта како поддржувачи за намалувањето на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата во образовнието. На крајот од манифестацијата беше промовирано креативното видео кое беше снимено на подготвителната работилиница и хепенингот и на кое учествуваат сите учесниците во активностите на Рома Прајд и кампањата ДОСТА „Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“.