Период на имплементација: 02.01.2016 – 30.06.2017

Целта на проектот е да придонесе кон подобрување на заштитата на човековите права во земјата преку зајакнување на системот на БПП и детектирање на неговите слабости. Во таа насока, проектот ќе ги подржи граѓанските здруженија во обезбедување на претходна бесплатна правна помош и ќе обезбеди стручна и независна анализа на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош.

Активности:

  • Градење на капацитетите на невладините организации и обезбедување на бесплатна (претходна) правна помош
  • Регистрирање на правни проблеми и детектирање на систематски слабости
  • Правна помош во случај на одбиени барања за бесплатна правна помош
  • Координација на мрежата за бесплатна правна помош
  • Мониторинг на спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош
  • Мониторинг на судски случаи во кои се ангажирани адвокати кои нудат бесплатна правна помош
  • Анализа на одлуките на Управниот суд и Вишиот управен суд
  • Развој на стратегии за застапување
  • Подигнување на јавната свест за бесплатна правна помош

 

Донатор: ФООМ и Европската Унија

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*