7 април 2010 година, Куманово, – Национален Ромски Центар (НРЦ) и се обраќа на јавноста по повод 7ми април, Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува во чест на формирањето на Светската Здравствена организација како можност да се сврти вниманието на пошироката јавност кон значајни прашања од областа на здравјето како и секоја година, годинава се одбележува под мотото „1000 градови, 1000 животи“.

1000 градови : каде што ќе се отворат места за промоција на здравјето, без разлика на тоа дали ќе бидат организирани активности во паркови, градски сали, да се организираат кампањи за чистење или пак да се затворат улици за движење на моторни возила.
1000 животи: да се соберат 1000 приказни за урбаните здрави шампиони кои што имаат преземено акции и имаат значајно влијание на здравството во нивните градови.

Оваа година Светстаката здравствена организација ги таргетира урбанизираните средини во кои се промовира здравата животна средина, здравиот начин на живот и живот со помалку моторни возила.

Ромите во Р.Македонија живеат во урбанизирани средини но според анализата на НРЦ направена во 2008-2009 година во рамките на проектот, Просперитет и здравје на жената Ромка пат кон предизвици реализирана во 4 града во Р.Македонија,анкетирани се 2.756 Ромки тие се уште се соочуваат со следниве проблеми кои имаат директно влијание на здравствената состојба на секој поединец:

  1. Субстандардните живеалишта
  2. Нецелосна опфатеност за вакцинирање
  3. Неправилна исхрана
  4. Недоволен опфат и вклучување на жените Ромки во превентивните програми за здравствена заштита
  5. Зголемување на квалитетот на услугите во јавното здравство
  6. Недоволна информираност

Од вкупно 2.226 раѓања во анкетираната група 173 деца се починати при породувањето, 121 дете починале во првите 28 дена од раѓање и 166 до првата година од животот.
Во целната група поголем е процентот на постнеонаталната смртност што укажува на лошите хигиенски и социо-економски услови на живеење.

Динамиката на растот, развојот и особеностите на биолошката структура на детскиот организам ја поставуваат неговата исхрана на централно место. Добра, здрава и балансирана исхрана подразбира употреба на биолошки вредни прехранбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби и квалитативен и квантитативен внес на важни хранливи материи. Само на тој начин ќе се обезбеди хармоничен раст и развој на децата и заштита од заболувања.

Република Македонија на денот на одбележување на Светскиот ден на здравјето треба да ги земе во предвид и Милениумските развојни цели на ООН кои се прифатени од сите земји членки на ОН и кои треба да се обиде да ги достигне и тоа:

  • да се елиминира екстремната сиромаштија и беда,
  • да се намали смртноста на новородени и доенчиња,
  • да се вклучат сите во задолжително основно образование,
  • да се промовира родова еднаквост
  • да се организира 100% вакцинација меѓу целокупното население во државата
  • да се обезбеди бесплатно здравствено осигурување

1000 градови, 1000 животи

Лице за контакт
Себихана Скендеровска
Координатор на проектот
Просперитет и здравје на жената Ромка пат кон предизвици-продолжение

Контакти:
skenderovska[at]nationalromacentrum[dot]org
www.nationalromacentrum.org
Тел/фах:+389 31 427 558
Адреса: Доне Божинов 11/5,
1300 Куманово,Македонија