Период на имплементација: 01.04.2016 – 30.09.2017

 

Општата цел на проектот е да се воспостават механизми за зголемено учество и заштита на правата на Ромите и другите помали етнички заедници на локално ниво, во согласност со Охридскиот рамковен договор

Главниот аргумент е дека постоечката институционална рамка не е целосно ефикасна во обезбедување на реалното учество, затоа се потребни значителни напори за да се подобри ситуацијата.

Конкретни цели на проектот се:

SO1: Да се ​​поттикнат редовни консултации и дијалог меѓу граѓанското општество и локалните јавни органи (локални комисии за односи меѓу заедниците (КОМЗ), општински совети)

SO2: Да се следи процесот на донесување одлуки на локално ниво, и да се процени нивото на учество на Ромите и другите помали етнички заедници

SO3: Да се ​​зајакнат капацитетите на локалните засегнати страни за поттикнување на меѓуетничко разбирање, толеранција, соработка и учество на Ромите и другите помали заедници на локално ниво

SO4: Да се ​​создадат механизми за зголемено влијание и учество на Ромите и другите помали заедници во процесот на донесување на одлуки на локално ниво

Исходи и резултати од проектот

Целите ке бидат постигнати преку следните исходи и резултати:

R1.1 Најмалку 10 организирани округли маси, по две во секоја општина; R1.2 Редовни тримесечни средби организирани меѓу претставници на граѓански организации и претставници на локалните власти; R1.3 Граѓански Извештај, онлајн платформа за обезбедување на систематски повратни информации (фидбек) и дијалог со граѓаните – основана

R2.1 Редовно следење на седниците на општинските совети во врска со меѓуетничките прашања; R2.2 проценка на постоечките механизми за учество на помалите заедници; R2.3 Објавување на финален извештај и препораки

R3.1 Oрганизација на најмалку 6 работилници за интер-културно разбирање и правата на малцинствата, за околу 30 локални засегнати страни (претставници на локалните КОМЗ, општински совети,локални граѓански организации кои работат со Ромите, човековите права, правата на малцинствата,итн); R3.2 Најмалку 3 дводневни обуки за најмалку 20-25 локалните засегнати страни (претставници на локалните КОМЗ, општински совети,локални граѓански организации кои работат со Ромите, човековите права, правата на малцинствата, итн); R3.3 Капацитетите на локалните граѓански организации зајакнати преку доделување на најмалку 6-8 под-грантови

R4.1 локална стратегија и план за акција за поттикнување на учеството на Ромите и другите помали заедници во секоја општина; R4.2 Информативен брифинг за учеството на Ромите и другите помали заедници во КОМЗ и советите на општините; R4.3 Креирање на програма за вклучување на Ромите и помалите заедници, за КОМЗ и / или општински совети (каде што не постои КОМЗ)

Партнер во проектот: Здружение на Ромите Авена

Донатор: Европска Унија

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*