Период на имплементација: 01.12.2015 – 31.12.2016

Со Законот за здравствена заштита се дефинирани гарантирани права, меѓу кои се и мерките и активностите за заштита на жените за време на бременост, породување и леунство и заштита на доенчињата. Дејностите од областа на здравствена заштита за време на бременоста се одвиваат на сите три нивоа на здравствената заштита, регулирана според законот за здравствена заштита во Република Македонија.

Сепак нашето истражување спроведено во Куманово, Кочани и Штип помеѓу 61 Ромка и 30 Македонки вкупно 91, од социјално загрозени семејства покажува, дека не сите жени имаат еднаков пристап по антенатална и рана постпартална здравствена заштита.

Целта на проектот “Рана превенција, спасува животи” е подобрен и целосен пристап до репродуктивно здравје, специфично на антенатални и рани постпартални здравствени услуги, за Ромки и социјално-економски ранливи групи.

Проекот содржи три стожерни компоненти: информативна, застапувачка и истражувачка. Активностите ќе се реализираат во Куманово и Кочани, чија целна група се Ромките во репродуктивен период (14- 49 год.) и претставниците на релевантините институции на локално и национално ниво.

Работиме на превенција зошто економски, но и здравствено е поефективна, бидејќи истовремено превенира сериозни интервенции и спасува животи. Овој пат се фокусираме на два града Куманово и Кочани, со цел поконцентрирано, да работиме со жените кои треба да користат антенатални и рани постпартални услуги.

Активностите во проектот вклучуваат: застапување и мониторинг на постоечките програми, за да се зајакне соработката помеѓу институциите кои даваат ваков вид на услуги и Ромската заедница. Истовремено целиме да ја подигнеме свеста кај Ромската заедница, но и да се испита потребата од повторнo иницирање на официјално образование за акушерки во средно медицинските училшта и зајакнување на нивната улога во здравствениот систем во Македонија, кое ќе придонесе за ефективни промени кај најранливите заедници во Република Македонија.

Донатор: ФООМ

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*