Национален Ромски Центар (НРЦ) со длабока загриженост за ромските жртви од Холокаустот, по повод 27 Јануари, Меморијалниот Ден за Холокаустот, ја дава оваа изјава за печатот во знак на сеќавање на ромските жртви и оние кои го претрпеле Холокаустот, Pharraimos.
Повикуваме на сеќавање на на фактот дека и Ромите биле жртви во Холокаустот, подложени на неосновано затварање, присилна работа и масовно убиство. Сепак не е познато колку Роми се убиени во Холокаустот. Фактот дека Ромскиот Холокауст не е признаен посочува на потхранување на Антициганизам кој денеска е широко распространет во Европа.
Сведоци сме дека Ромите се обидуваат да преживеат соочени со константно опаѓање на социо-економската состојба, стереотипи, предрасуди, дискриминација, и немање на мерки за заштита на јазикот и културниот идентитет. Многу иницијативи беа покренати и формално поддржани, но сеуште постои јаз помеѓу ромската и не-ромската популација. Денеска за жал, во екот на 21-от век, животот на Ромите е базиран на страв од прогонување, истерување и секојдневна дискриминација.
Денеска, милиони Роми се обидуваат да преживеат и живеат во Европа, соочени со предрасуди, дискриминација, насилство, нехуман третман, закани за нивните животи, протерување и расно мотвирани насилни убиства. Повикуваме на државите да воведат едукација за Холокаустот и информација за ромските жртви.
Зборовите на Универзалната Декларација на Човековите Права содржат ветување за целото човештво – и тие идеали продолжуваат да инспирираат милиони низ светот, НРЦ порачува на сите јавни и државни власти да работат за подобрување на ситуацијата на Ромите.
За понатамошни прашања, контактирајте го менаџерот на НРЦ, Ашмет Елезовски, elezovski [at] nationalromacentrum [dot] org